Могерини повика за помирување на Блискиот исток

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини повика денеска за помирување на Блискиот Исток по децении на несигурност, судири и војни. Таа упати апел на првата средба на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и од Арапската лига во Брисел.

-Никогаш досега соработката не ни била толку важна и потребна, посочи Могерини.

Таа истакна дека патот кон помирување во регионот е тежок поради настаните од изминатите десетина години.

-Апелираме за мир – тоа е во заеднички интерес, за да постигнеме трајна безбедност и економски раст. Мирот е некомпатибилен со логиката на конфронтација меѓу регионалните сили, додаде Могерини.

– Очигледно е дека имаме заеднички интерес – да откриваме нови работни места, нови можности за учење, да се спротивставуваме на радикализацијата и тероризмот.

Могерини изрази стравување дека денес постои повторно можност за продлабочување на конфликтот меѓу Израел и Палестина.

-Во заеднички интерес е да ја спасиме идејата за две држави, имаме потреба од соработка помеѓу европските и арапските земји, изјави таа.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне