Мјанмар се вклучи во операциите за спасување на бегалците во Бенгалскиот Залив

Од:

Морнарицата на Мјанмар, поранешна Бурма, ноќеска помогнала два брода со 208 бегалци да пристапат до копното и да се спасат прегладнетите и болни припадници од племето Рохингја, кои со недели биле на отворено море.

Ова е прв чекор на властите од Мјанмар за учествуво во спречувањето на актуелната хуманитарна катастрофа во Бенгалскиот Залив, направен под притисок на ОН, САД и државите од регионот на Југоисточна Азија.

Во морињата околу Мјанмар, Тајланд, Малезија и Индонезија овој месец на бродови има над 7.000 бегалци, најголем дел од Мјанмар и Бангладеш. Тие се припадници на муслиманското племе Рохингја кои во Мјанмар се уште немаат право на државјанство и живеат во голема сиромаштија, изложени на верска тортура од мнозинското будистичко население.

Мјанмар одбиваше да соработува со државите од регионот за решавање на бегалската криза, иако соработка побараа лидерите на Тајланд, Малезија и Индонезија.

Првиот гест на добра волја Мјанмар го направи по вчерашната посета на заменик државниот секретар на САД Ентони Блинкен, кој неколку часа разговараше и со мјанмарскиот претседател Теин Сеин.

Аналитичарите укажуваат дека за проблемот на бегалците и припадниците од племето Рохингја, за кои се претпоставува дека ги има околу 1,3 милиони, нема нити една изјава на лидерот на опозицијата во Мјанмар, нобеловката за мир Аунг Сан Су Ќи. Нејзиниот молк се доведува во врска со претстојните парламентарни избори, бидејки се претпоставува дека каква и да е поддршка на припадниците од племето Рохингја може да предизвика незадоволство кај мнозинското население.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар