Мјанмар подготвува ново сеопфатно примирје со бунтовниците

Од:

По повеќедневни разговори, организирани со посредство на Обединетите Нации, во Мјанмар вчера е соопштено дека се усогласени условите за објавување на општо примирје меѓу централната влада и осумнаесетте бунтовнички организации.

Тоа треба да биде втор ваков договор, по оној постигнат минатата година. Со првиот договор за комплетен прекин на непријателствата, во некои делови на Мјанмар беше воспоставен мир, но најголемите паравоени групации, кои над 50 години се борат за отцепување, не го предадоа оружјето.

Официјалната мјанмарска статистика бележи дека во судирите меѓу сецесионистите, но и идеолошки противници на воената управа во поранешна Бурма од 1948 до 2006 година загинале над 210.000 бунтовници, војници и цивили. Пред две години, за да ги смири бунтовниците во провинцијата Ракине, мјанмарската армија убила над 10.000 лица, меѓу кои најмногу биле цивили.

Објавувањето на општото примирје специјалниот пратеник на ОН во Мјанмар, Виџај Намбиар го најави за крајот на овој месец или најдоцна во септември.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар