Мјанмар негира дека спроведува етничко чистење

Од:

Неформалната лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Ќи ги отфрли како неточни обвинувањата од меѓународната заедница, дека во земјата се спроведува етничко чистење кон муслиманите.

– Не мислам дека постои етничко чистење. Тоа е премногу силно толкување за ситуацијата во областа Рахине„ изјави Су Ќи во интервју за Би-Би-Си.

Некогашната политичка затвореничка и добитничка на Нобеловата награда за мир, се согласува дека во тој дел од Мјанмар постојат непријателства, за кои вели дека има и такви во кои „муслимани, убиваат муслимани“, доколку за нив се мисли дека соработуваат со властите.

– Не станува збор за етничко чистење, туку за една ситуација во која луѓето се разделени на различни страни, а ние сакаме да ја исправиме таа поделба, вели во интервјуто Су Ќи.

Минатиот месец ОН покрена формална истрага за обвинувањата дека армијата на Мјанмар спроведува операции на „чистење“ во регионот каде главно се населени муслиманите, дирекктно насочени кон цивилното население, за кое се вели дека било изложено на убиства, силувања и тортура.

Владата во главниот град Јангон ги отфрли ваквите обвинувања.

Су Ќи во меѓувреме беше повикувана да го „прекине молкот“ за армиските „злосторства“ и да објасни што се случува, критикувајќи ја што како некогашна жртва на политичко насилство од страна на армијата, треба да ги осуди постапките кон ова етничко и религиозно малцинство.

Су Ќи не може да има висока државна функција, затоа што била мажена за странец, па е само член на Владата, но во земјата и во странство таа се смета за „де факто“ лидер на Мјанмар.

Таа и нејзните привзаници се најзаслужни за мирниот пренос на власта од воената хунта на цивилните власти, но сега не ги прифаќа критиките за сметка на новата власт во земјата и тврди дека армијата не е надвор од контролата на Владата.

Муслиманите во Мјанмар немаат право на државјанство, затоа што се сметаат за „илегални бегалци“ дојдени од соседниот муслимански Бангладеш.

Во импровизирани бегалски кампови живеат десетици илјади муслимани, а се верува дека 70 илјади лица избегале во Бангладеш стравувајќи од насилствита за кои тие ја обвинуваат само мјанмарската армија.

Операциите на армиските сили почнаауште во 2012 година, откако милитантни муслимански групи кои заговараат автономија на регионот, нападнаа и убија деветмина полицајци.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар