Мјанмар лани добил над четири милијарди долари странски инвестиции

Од:

Во минатата фискална година, што заврши во март, во стопанството на Мјанмар влегле четири милијарди и 107 милиони долари странски инвестиции.

Тоа се,1,4 милијарди долари повеќе од претходната година, а овозможиле отварање на 50.750 работни места за локалните жители.

Најголем инвеститор во Мјанмар и натаму е Кина, а меѓу 34 други држави кои вложуваат во таа земја по висината на инвестиции се Тајланд и Хонгконг.

Странските инвестиции се најмногу насочени на преработувачката индустрија, енергетиката, туризмот, земјоделството и рибарството. И покрај нестабилната политичка во државата, благодарејќи на странските вложувања, стопанството на Мјанмар бележи значаен пораст.

Лани е остварен пораст од 7,6 посто, а според предвидувањата на Азиската банка за развој во наредните две години економскиот раст ќе се движи околу осум отсто.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар