Мјанмар ќе добие нов претседател на 10. март

Од:

Новиот претседател на Мјанмар ќе биде избран на 10. март, една недела пред планираното, бидејки лидерот на победничката Национална Лига за Демократија ( НЛД ) Аунг Сан Су Ќи се откажа од обидот за измена на Уставот.

Сегашниот Устав не дозволува Су Ќи да се кандидира за претседател, бидејки беше сопруга на странски државјанин, а и нејзините деца имаат двојно државјансто.

Партијата на Аунг Сан Су Ќи веќе има кандидат за нов претседател за чие име јавноста уште не знае. Претседателот ќе биде избран на седница на Парламентот во кој апсолутно мнозинство има НЛД.

Пред изборот на претседател ќе биде објавен и составот на новата влада. Еден од двајцата потпретседатели во државата и министер за одбрана ќе бидат лица предложени од армијата, која о задржа правото да има 20 посто делегирани пратеници.

Трансферот на власта во Мјанмар, поранешна Бурма, ќе го означи крајот на 50 годишната воена диктатура. За иднината на Мјанмар е значајно и тоа што и армискиот врв се согласува дека изборните резултати се чисти и дека армијата ќе соработува во трансформацијата на Мјанмар во демократско општество.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар