Мистура апелира САД и Русија заеднички да работат на вистинско примирје во Сирија

Од:

Специјалниот претставник на Обединети нации за Сирија, Стафан де Мустура денеска предупреди дека кревкиот мировен процес е во голема опасност и апелираше до САД, Русија и другите да работат на вистинско примирје и преговори за ставање крај на шестгодишниот конфлит во земјата.

Тој на седницата на Советот за безбедност на ОН истакна дека е подготвен да организира нов круг преговори во мај меѓу Владата и опозицијата, но оти пред тоа има уште многу нешта кои треба да бидат решени.

– САД и Русија како копретседатели на меѓународната група за поддршка на Сирија, која се состои од 20 држави, треба да изнајдат начин да работат заедно за стабилизирање на ситуацијата за да се гарантира преговарачкиот процес, истакна Мистура.

Тој додаде дека Русија, Иран и Турција како гаранти на договорот за прекин на огнот од декември, што повеќекратно беше прекршен исто така треба да преземат акција.

– Да го искористиме кризниот момеnт како водилка и можеби како можност за ново ниво на сериозност во барањето на политичко решение, посочи Мистура.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски