Мишел: Геноцидот во Сребреница еден од најмрачните моменти во модерната европска историја

Од:

Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја. Вака изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по повод 27- годишнината од масакрот во Сребреница, Босна и Херцеговина, објави весникот „Дневни аваз“.

Трагедијата нè потсетува дека треба да продолжиме да работиме заедно за мир во Европа и Босна и Херцеговина да стане дел од Европската Унија, смета Мишел.

„Нашите срца и мисли се со жртвите и со нивните семејства“, напиша меѓу другото Мишел на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Мишел: Имаме договор за поддршка на Украина

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Мишел: До 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување