Министрите на ЕУ утре ќе разговараат за Украина

Од:

Шефовите на дипломатии на државите членки на Европската унија ќе се соберат утре на дводневна седница во Луксембург, а главна тема ќе бидат односите со Украина и со Русија.

Од Брисел е најавено дека за време на првиот ден од состанокот на министерскиот совет во разговорите ќе учествува новоизбраниот министер за надворешни работи на Украина Павло Климкин кој ќе ги информира европските колеги за развојот на случувањата во таа држава.

ЕУ завчера го поддржа планот на украинскиот претседател Порошенко за прекин на огнот, но проруските сили на југоисток во Украина го отфрлија.

Дипломатски извори  велат дека засега не се во план нови европски санкции спрема Русија. Порошенко в петок на 27 јуни конечно ќе го потпише трговскиот договор со ЕУ за врем на самитот на европски лидери во Брисел. Покрај Украина и Русија, се очекува министрите да разговараат и за ситуацијата во Ирак и Сирија.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски