Министерот за одбрана на САД го одложи патувањето во Европа поради ситуацијата во Венецуела

Од:

Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шанехан, го одложи патувањето во Европа поради заострената ситуација во Венецуела.

Шанахан требаше да учествува на две церемонии по повод смена на командата во Германија и Белгија, и да оди во краткотрајна посета на Велика Британија.

-Министерот Шанахан нема да отпатува за Европа бидејќи неговото присуство во Вашингтон ќе овозможи поефективно да се координираат акциите со Агенцијата за национална безбедносст (НСА) и државниот департмент за ситуацијата во Венецуела, и за непречена координација со министерот за национална безбедност во рамките на помошта пружана на југозападната граница, изјавија од службата за односи со јавноста на Пентагон.

Во Каракас вчера започнаа митинзи за поддршка на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кои за актуелната власт ги оцени какао обид за државен удар.

Советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Џон Болтон, државниот секретар Мајк Помпео и потпретседателот Мајк Пенс, изразија поддршка за опозицијата и ја повикаа венецуелската војска да застане во одбрана на Гуаидо.

Вашингтон претходно укажа на можна воена интервенција, но и оттаму укажаа дека ќе направат се ситуацијата да не ескалира.

Би можело да ве интересира

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Америка блокада на воениот брод кој носи оружје за Израел: Престанете со убивање луѓе

Предраг Петровиќ