Министерката за надворешни работи на Естонија Марина Каљуранд поднесе оставка, откако одлучи како независен кандидат да учествува на претседателските избори, подоцна овој месец, пренесува БТА.
Каљуранд денеска соопшти дека нејзината оставка е неопходна, откако се кандидираше против поранешниот премиер и еврокомесар Сијм Калас, кандидат од владејачката Партија на реформите.
Каљуранд (54) не членува во ниедна политичка партија, но одржува тесни врски со Партијата на реформите, главен столб во десноцетристичката трипартиска коалициска влада во Естонија.
Изборна комисија од пратеници и локални претставници ќе се собере, за да избере нов шеф на државата, кој има главно церемонијални функции на 24 септември, откако парламентот не успеа да избере заменик на претседателот Томас Хендрик Илвес во август.
Според анкетите, Каљуранд ужива широка поддршка и се смета за фаворит пред Калас и други кандидати.