Минатиот месец четвртиот најтопол април на Земјата од 1880 година

Од:

Април 2015 е четвртиот најтопол месец на Земјата од 1880 година, од кога се мери температурата на воздухот во глобални рамки, соопшти американската Државна администрација за океани и атмосфера (НОАА).

Во исто време, периодот јануари-април 2015 година била најтопла прва третина од годината, кога температурара била за 0,8 степени Целзиусови повисока од просекот во 20-от век.

Рекорд е забележан и на годишно ниво, па така периодот мај 2014-април 2015 година било досега најтоплото 12-месечје на Земјата. Во посочените 12 месеци температурата била за 0,75 степени Целзиусови повисока во однос на периодот мај 2013-април 2014 година.

Во последниве две години на глобално ниво се измерени девет од десетте најтопли 12-месечни периоди во историјата. Меѓу топ десетте најтопли покрај 12-месечјата од последниве години се најде и периодот септември 1997-август 1998, кој е рангиран на осмото место.

Просечната глобална температура на конпното и океаните минатиот месец била за 0,74 степени Целзиусови повисока од просекот во 20-от век.

Минатиот месец е и 39-от април по ред што е потопол од просекот за тој месец. Последен пат еден април бил постуден од просекот во 1976 година.

На Северната земјина полутопка април бил потопол за 0,87 степени од просекот, а на Јужната за 0,42 степени.

Просечната температура само на копното минатиот месец била за 1,11 степени Целзиусови повисока од просекот за минатиот век.

Рекордно високи температури минатиот месец се регистрирани во Куба, јужно Мексико, во делови на западот на Јужна Америка, на југот на Бразил, во источна Танзанија и во реони на Мавританија.

Пониски температури од просекот за април биле регистрирани во делови на Австралија, во јужна Азија, во централните региони на Северна Африка и на истокот на Канада.

Просечната тепература на океаните во април 2015 година била за 0,6 степени Целзиусови повисока од просекот во 20-от век, кој изнесува 16 степени.

Рекордни теператури на окенаите се забележани во североисточните и реони на екваторијалниот дел на Тихиот Океан, додека најстудени води имало во северниот дел на Атлантикот меѓу Канада и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска