Минатата година најкрвава за цивилите во Сирија, тврдат невладини организации

Од:

Група од 21 невладина организација соопштија  синоќа дека 2014 година била најрквавата за цивилите во Сирија. За тоа донекаде е одговорна и меѓународната заедница, се вели во извештај на организациите кои го критикуваат СБ на ОН за тоа дека не успеал да примени резолуции за Сирија.

И покрај трите резолуции од СБ на ОН од лани со барање за прекин на насилствата врз цивили и пристап до хуманитарна помош, ситуацијата во Сирија се влошува, се вели во извештајот.

Во 2014 година над 76.000 луѓе биле убиени со што бројот на жртви во четвртата година од конфликтот е над 220 илјади луѓе.

– Имаше убиства, повеќе бомбардирања, зголемено раселување и огромен пораст на потребите за хуманитарна помош, изјави претставник на британската Оксфам.

– Горчлива вистина е дека Советот за безбедност на ОН не успеа да ги примени своите резолуции, изјави Јан Егеланд генерален секретар на Норвешкиот совет за помош на бегалци.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град