Милиони евра казна за Шведска поради смогот

Од:

Шведска ризикува да и плати големи парични казни на Европската унија поради лошиот воздух во градовите, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Казните се во висина од половина милион шведски круни дневно во услови на зголемена концентрација на смогот или вкупно околу 180 милиони круни годишно (повеќе од 20 милиони евра).

Пред неколку години Шведска доби пресуда од ЕУ-судот поради тоа што не ги подобрила нормите за квалитет на воздухот во повеќе шведски градови. Но и покрај изречената пресуда, вредностите при мерењето на концентрацијата на смогот продолжиле да се зголемуваат на повеќе места во земјата, над дозволените нивоа.

– Познато е дека смогот во подолг временски период го зголемува ризикот за срцев удар и белодробни заболувања, како и за појава на канцер на белите дробови, вели Ларс Барегорд, професор при Салгернска универзитетска болница во Гетеборг.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло