Месец мај еден од најтоплите до сега

Од:

Американските научници соопштија дека изминатиот месец беше трет најтопол мај, откако се мери глобалната температура.

Според Националната управа за океанографија и атмосферски мерења, високи температури за истиот месец се забележани во 1998 и 2005 година.

Во повеќе делови на светот се регистрирани температури повисоки од просечните, вклучувајќи и поголем дел од северен Сибир, западна Русија, север и исток на Европа и централна Австралија.

Интересен е податокот и дека минатиот месец е забележана помала количина на снег, отколку што е тоа вообичаено за мај, па така на подрачјето на Евроазија имаше најмалку снег откако се вршат мерењата, пренесува „Франс прес“.

Светските нации преговараат за постигнување договор со кој до 2020 година сите држави би биле обврзани да го намалат емитувањето на штетни гасови, кои што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска