Мерси корпс се повлекува од североисточна Сирија

Од:

Хуманитарната организација „Мерси Корпс“ денеска соопшти дека ги запира операциите и го повлекува странскиот персонал од североисточна Сирија, од каде, поради турската воена операција, околу 130.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Агенцијата, која доставува помош во регионот од 2014 година, соопшти дека од почетокот на турската операција минатата недела, таа ги снабдувала цивилите со свежа вода и други основни намирници.

„Не можеме да работиме ефикасно во ситуација кога областа е изложена на силно бомбардирање, кога патиштата се затвораат и постојано се менуваат завојуваните страни“, се вели во изјавата на организацијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град