Претседателот на Хашкиот трибунал, Теодор Мерон поднесе денеска 22-годишен извештај до Генералното собрание на ОН наведувајќи дека Судот сите случаи ќе ги заврши како и својот мандат до 2017. година.
Мерон додаде дека Трибуналот во оваа година донел две жалбени пресуди како и дека до крајот на годината ќе донесе второстепена пресуда во судењето на Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, додека во 2016. година ќе одлучи во четири судења и две жалбени постапки.
Во 2017 година би требало да бидат завршени постапките против Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.