Мерки на африканските земји за борба против коронавирусот

Од:

Светската здравствена организација предупреди за ризиците кои Ковид-19 би можел да ги донесе во субсахарска Африка поради лошите здравствени системи, па многу земји преземаа превентивни мерки за да се подготват за вирусот и да го ограничат неговото ширење.

Со повеќе случаи отколку во која било друга субсахарска земја, Јужна Африка, врз основа на препораките на Министерството за надворешни работи, забрани влез на странски патници кои пристигнуваат или минуваат низ земји со висок ризик, вклучително и Италија, Иран, Јужна Кореја, Шпанија, Германија, Франција, Швајцарија, САД, Велика Британија и Кина.

Во најнаселената земја на Африка, Нигерија, од петокот забранет е влез од 13 најтешко погодени земји, вклучително и САД, Велика Британија, Германија и Кина.

Во Кенија е дозволен влез само на нивните граѓани, странците со дозвола за престој и работниците на Обединетите нации, под услов тие да бидат во изолација, соопшти локалната Влада.

Училиштата и универзитетите се затвораат, а во јавните минибуси на граѓаните им се дезинфицираат рацете.

Во Етиопија, Владата ги затвори училиштата и понуди да превезува луѓе со владини автобуси за да се олесни јавниот превоз.

Во Руанда, училиштата, универзитетите, црквите и судовите се затворени, а некои летови се откажани.

Во Камерун од денеска се затворени копнените, воздушните и морските граници, соопшти Владата.

Училиштата и рестораните ќе бидат затворени, а забрането е и собирање на повеќе од 50 лица.

Во Гана воведени се строги мерки за задолжителен 14-дневен карантин за сите луѓе кои доаѓаат од странство.

Во Мавританија, откако беше потврден првиот случај на 13 март, затворен е меѓународниот аеродром, наставата во училиштата и универзитетите е прекината, а забранети се и неделните пазари.

На Мадагаскар се прекинати сите летови на 30 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска