Меркел: Врз Навални е извршен обид за убиство, некој сака да го замолчи

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека некој сакал да го замолкне лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, кој е во кома во болница во Берлин.

Германската Влада претходно денеска соопшти дека, врз основа на крвните тестови на Навални, има непобитни докази дека тој бил отруен од нервниот агенс „Новичок“, кој беше користен и во нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Британија во 2018 година.

На прес-конференција во Берлин Меркел кажа дека за неа е зачудувачка веста дека врз Навални е извршен обид за убиство со труење.

-Алексеј Навални стана жртва на напад со нервниот агенс „Новичок“. Во неговите примероци од тестот е потврдено присуството на овој отров и тоа е надвор од какво било сомнение, рече денеска Меркел.

Таа додаде дека е утврдено дека Навални е жртва на злосторство, пренесе Тасс.

-Тие сакаа да го принудат да молчи, рече германската канцеларка.

И институциите на ЕУ остро го осудуваат обидот за убиство на Навални, по наодите на германските лекари дека тој бил отруен.

-Анализата докажува дека господинот Навални бил отруен со воен хемиски нервен агенс од групата “Новичок“, развиен од страна на Советскиот сојуз, а потоа Русија. Употребата на хемиско оружје е неприфатлива под било кои околност и претставува нарушување на меѓународното право, порача дипломатската служба на ЕУ.

ЕУ сега бара од Русија темелна и транспарентна истрага за “обидот за убиство врз господинот Навални“ и предупредува дека овој случај не смее да остане нерасветлен.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални