Меркел: САД и Германија имаат различни ставови за методите на НСА, но треба да соработуваат

Од:

САД и Германија имаат различни ставови за методите на американската Агенција за национална безбедност (НСА), но треба да соработуваат во борбата против тероризмот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

– За НСА се уште има несогласувања по некои теми. Сепак со оглед на големината на терористичката закана, ние целосно сме свесни за неопходноста за тесна соработка, изјави Меркел на заедничка прес конференција со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон.

Според Меркел американските институции доставиле и продолжуваат да доставуваат многу ценети информации, што ја зајакнуваат германската безбедност.

– Не сакаме да се лишиме од тоа, нагласи германската канцеларка.

Во 2013 година Германија беше шокирана од откритијата на поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден за масовно следење на телефонски разговори и интернет комуникации на Германци, вклучително мобилниот телефон на Ангела Меркел.

Обама изјави дека откритијата на Сноуден без сомнение наштетиле на сликата, што Германците ја имаат за американските власти и за меѓусебната соработка во областа на разузнавањето.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува