Меркел нема да присуствува на церемонијата во Москва

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел нема да присуствува на свечената церемонија во Москва, на 9-ти мај, по повод одбележување на Денот на победата над фашизмот.

-Поради развојот на случувањата во Украина, невозможно е Меркел да присуствува на традиционалната воена парада на Црвениот плоштад во Москва-наведе анонимен извор од германската влада.

Како што пренесе агенцијата „Ројтерс,“ канцеларката ќе положи венец на споменикот наНепознат јунак во Москва, еден ден подоцна.

ЕУ и САД ја обвинуваат Русија дека ги вооружува про-руските сили на исток на Украина и дека ги зајакнува нивните редови со руски војници.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани