Меркел најавува амбициозна програма за самитот Г-7 во Минхен

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел предвидува амбициозна програма за состанокот на Г7 најразвиени земји во светот што претстојниот викенд ќе се одржи во Минхен, јавува Фена.

Последниот самит на оваа група во Германија беше одржан во 2007 година, кога главна тема беше борбата против климатските промени.

Климатските промени и натаму се во врвот од програмата на Ангела Меркел, но на дневниот ред од разговорите оваа година канцеларката има намера да стави и широк спектар теми, кои ги вклучуваат тероризмот, Украина, здравствените кризи како епидемијата од ебола, глобалниот економски раст и трговските спогодби.

– Тие 24 часа, колку што ќе бидеме заедно, ќе ги искористиме за многу интензивни разговори за бројни прашања што се однесуваат на светот, изјави Меркел пред странските новинари во Берлин.

Самитот на групата најразвиени земји, што ќе се одржи од недела до понеделник, под мотото „да се размислува однапред, да се делува заедно“, ќе ги собере лидерите на Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Канада, Јапонија и САД. Од групата најразвиени земји во светот е исклучена Русија, заради вмешаноста во Украина.

Баварската полиција соопшти дека е подготвена за протести, кои вообичаено ги следат ваквите собири, и дека мобилизирала 17.000 полицајци од целата земја за најголемата операција во својата историја. Триесет хеликоптери ќе го надлетуваат местото на оддржување на собирот, а ќе бидат поставени и дополнителни привремени пунктови во блиската поранешна американска воена база.

Има големи очекувања дека ќе се оствари некој напредок околу прашањето на климата. Меркел навести дека поддржува план за намалување на емисијата на штетни гасови на нула, и во едно неодамнешно интервју рече дека Германија и Франција заедно ќе се заложат за тоа на самитот на Г-7, но дека во овој момент за тоа прашање нема согласност меѓу државите. Најголеми противници се Канада и Јапонија, а САД се наоѓаат некаде на средина меѓу нив и четирите европски сила на самитот.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска

Г7 подготвува еден од најсилните удари за Русија досега

Катерина Ѓуровски