Меркел: Можни се нови санкции доколку не се почитува примирјето во Украина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ може да воведе дополнителни санкции доколку постигнатиот договор од Минск за прекин на огнот не биде целосно спроведуван.

Таа истакна дека лидерите од земјите на ЕУ побарале Европската комисија да подготви идни санкции, во случај да не се почитува примирјето.

– Ја оставаме како отворена можноста да преземеме натамошни мерки, ако новите договори не се применуваат, нагласи Меркел по средбата на врвот на Унијата.

ЕУ веќе воведе санкции против Русија и проруските сепаратисти во Крим и источниот дел на Украина, вклучувајќи забрани за патување и замрзнување на сметки, како и ограничувања за пристап до европските пазари на капитал, оружје и технологии.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина