Меј „побегна“ од гневните демонстранти со силна полициска заштита

Од:

По средбата со лицата кои го претрпеле пожарот во кулата Гринфил, британската премиерка Тереза Меј, од местото си заминала со силна полициска заштита.

Имено, додека си заминувала, демонстранти кои се незадоволни со одговорот на британската Влада по повод трагедијата во која животот го загубија над 30 лица, викале и оделе по нејзиниот автомобил.

Меј се состанала со лицата кои го претрпеле пожарот, како и со општинските претставници од Кенсингтон-Челси, при што ветила помош од 5.709.222 евра.

Десетици гневни демонстранти претходно денеска упадаа во зградата на општинскиот совет во лондонскиот кварт Кенсингтон- Челси, на чија територија се наоѓа опожарената кула Гринфил.

Лондонските демонстранти ја турнаа автоматската врата што води кон првиот кат и беа запрени на скалите на вториот кат од неколкумина чувари. Се создаде тепаница меѓу демонстрантите и чуварите и при тоа дел од нив ја напуштија зградата.

Демонстрантите што се наоѓаа во зградата, како и они што стоеа пред неа, скандираа „Сакаме правда“, „Срам за вас“ , „Убијци“.

Некои од демонстрантите носеа транспаренти со натпис „Правда за Гринфил“.

Одделен протест од околу 200 лица се одржа и кај метро станицата Нотигхил, со инсистирање за побрзо дејствување од страна на општинските советници одговорни за сместувањето на лицата кои останале без дом.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“