Меј: Не сум „модерен Невил Чемберлен“

Од:

Британската премиерка Тереза Меј ги отфрли денеска обвинувањата дека претставува „модерен Невил Чемберлен“, премиер кој една година пред почетокот на Втората светска војна изјавувал дека обезбедил мир со Хитлерова Германија.

Некои пратеници од Конзервативната партија на Меј го оценуваат нејзиниот план за излез од ЕУ како капитулација, кој ќе овозможи Британија и по напуштањето на блокот во март 2019 година се уште да биде подредена на правилата на Унијата.

– Не, а причина за тоа е следното: Нема засекогаш да бидеме приковани за нешто што не го сакаме, изјави британската премиерка за радиото ЛБЦ, одговарајќи на прашањето дали себе си се смета за „модерен Чемберлен“.

Чемберлен во 1938 година по враќањето од Германија мавтал со договорот кој го потпишал со Хитлер, велејќи дека со него се гарантира „мир за нашето време“. Тој договор набрзо се покажал безвреден. Чемберлен по избивањето на војната е сменет во 1940 година и на негово место дошол Винстон Черчил.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски