Механизам го наследува Хашкиот трибунал

Од:

Почетокот на работата на меѓународниот правосуден Механизам, што ќе го наследи хашкиот Трибунал одбележан е со свеченост во седиштето на Судот во Хаг.


Механизмот меѓу останатото, ќе одлучува за сите жалби за првостепени пресуди кои Трибуналот ќе ги изрече на крајот од процесот против Радован Караџиќ, Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ и за Воислав Шешељ.


Трибуналот паралелно со механизмот во сегашниот облик ќе продолжи да работи додека не изрече провстепени пресуди во тие предмети.


Механизмот ќе одлучува и за барања на правосилно осудени луѓе за предвремено ослободување како и за евентуални барања за ревизија на пресуди или нови судења. Меѓу задачите на Механизмот ќе биде и управување со архивата на Трибуналот.,


Претседателот на Трибуналот Теодор Мерон кој е и претседател на Механизмот, оцени на денешната свеченост дека судот во Хаг „демонстрирал дека заедничката посветеност кон одговорноста може и треба да ја надмине неказнивоста, дека најтешките злосторства може да бидат казнети како и дека принципиелна, фер и непристрасна правда е единствен начин да се одржи владеење на законите“.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Ана Ололовска