Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Од:

Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели.

Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена денеска.

Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета земја што понудила гаранции.

Тачи и Весели се товарат за прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување на лица, незаконско апсење и лишување од слобода и сурово постапување, дела извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Приштина, „летаа“ и димни бомби – се бара оставка од Курти

Горан Наумовски

Пет членки на ЕУ не го признаваат Косово, Блинкен: Договорот меѓу Србија и Косово ќе ги охрабри

Ана Ололовска

Курти ги повикува Србите да се вратат во институциите и да учествуваат на изборите

Горан Наумовски

Курти од косовски Че Гевера до премиер – кожњак, долга коса, локни

А1он

Пукање во хотел во Приштина: Една жртва, двајца повредени

Катерина Павлова-Николовска

Вучиќ: Нема да потпишам ништо утре во Охрид

Горан Наумовски