Меѓусебни судири на џихадистите во Идлиб

Од:

Сириската екстремистичка организација Тахрир ал Шам, блиска до Ал Каеда вчера егзекутира десет припадници на Исламска држава во провинцијата Идлиб.

Според Тахрир ал Шам, погубувањето е одмазда за самоубиствениот бомбашки напад на ИД, што се случи во петокот во еден ресторан во Идлиб, при што загинаа најмалку седум лица.

Припадници на Тахрир ал Шам пред нападнатиот ресторан ликвидираа 10 мажи, пукајќи им во глава.

Тахрир ал Шам и ИД имаат иста екстремистичка идеологија, но двете џихадистички групи со години се во судир.

Тахрир ал Шам е главна џихадистичка групација во североисточна Сирија, со силно присуство во Идлиб, додека ИД речиси ги изгуби сите територии во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град