Меѓу терористите во Алжир имало британски муслимани

Од:

Во терористичката група која ги нападна и ги освои постројките за преработка на гас во југоисточен Алжир, заробувајќи голем број алжирски и странски работици, имало „барем двајца британски муслимани“, откриваат лондонските медиуми, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Неколку странски работници загинаа при нападот на терористите, но многу повеќе беа убиени при борбите на алжирската армија и нејзините специјални сили со припадниците на терористичката група. Конечната бројка на жртвите меѓу странците се уште не е позната, но се верува дека досега се убиени, или загинале преку 40 странци, меѓу кои има десетина британски државјани. Дел од нив биле ангажирани во службата за безбедност и за обезбедување на овој.

Според медиумите во Лондон, сите преживеани Британци сега се испрашувани од оперативците на британските разузнавачки служби МИ5 и МИ6, во настојувањето да помогнат при идентификацијата на терористите, како и за да се разбере колкумина британски муслимани, од домашните екстремистички келии, има меѓу припадниците на терористичките групи во Северна Африка кои се поврзани во терористичката мрежа на Ал Каеда.

Откритието на медиумите доаѓа по изјвата на премиерот Дејвид Камерон за тоа дека продолжува битката со исламскиот екстремизам, што се тврди дека е само вербална замена за „војната со теророт“ во времето на претходната американска и британската администрација. Лондонски „Тајмс“ констатира дека зборовите на Камерон значат отворање нов фронт против Ал Каеда, овојпат во реонот на Северна Африка.

Терористичкиот напад врз наоѓалиштето за гас и капацитетите за преработка кај Ин Аменас, одалечени околу 1300 километри од главниот град Алжир, го изведе групата на терористичкиот водач Моктар Белмоктар кој се смета за одговорен и за борбите во Мали. Целата група, како што беше соопштено во Алжир ја напднала рафинеријата за гас, влегувајќи од територијата на соседна Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он