Мегаскандал во Австрија: Курц му праќал бакнежи на државен службеник

Од:

Австриските медиуми дојдоа до дел од пораките кои полицијата ги пронашла во телефонот на поранешниот секретар во Министерството за финансии, Томас Шмид, а кои се упатени кон австрискиот канцелар Себастијан Курц. Во интензивната преписка, се среќаваат и пораки како „Ќе добиеш се што ќе посакаш“, проследено со три емотикони со бакнежи, и „Толку сум среќен. Си го сакам својот канцелар“, што предизвика шпекулации околу природата на нивниот однос.

Томас Шмид, кој е под истрага за случајот „Ибица“, бил приведен, а неговиот телефон го запленила полицијата. Иако сите содржини во телефонот биле избришани, форензичарите успеале да стигнат до фајловите на поранешниот државен секретар. Освен пораките со бакнежи кои наводно ги упатил канцеларот кон секретарот, во телефонот на Шмид се пронајдени и преку 2.500 експлицитни фотографии, пишуваат медиумите.

Според извештаите, пораките датираат неколку недели пред во јавноста да биде објавена аферата „Ибица“ – скандал кој ја сруши австриската влада, откако беше објавена тајно снимено видео од шпанскиот остров на кој членови на десничарски партии разговараат со жена која се претставила како роднина на руски бизнисмен.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче