Медведев со навреди за Макрон: „Галски петел без мозок, патетична птица што кукурика“

Од:

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Руската Федерација, се осврна на точката од преговорите за прекин на огнот во Украина, каде што се зборува за безбедносни гаранции за Украина од страна на Соединетите Американски Држави.

Медведев му се потсмева на Емануел Макрон, францускиот претседател, откако тој даде коментари во кои тврдеше дека рускиот претседател Владимир Путин не е подготвен да ја заврши војната.

Експлицитно беше кажано: НЕ за трупите на НАТО како мировници. Русија нема да прифати таква „безбедносна гаранција“. Но, зарипнатата, патетична птица продолжува да пее за да докаже дека е крал на кокошарникот“, рече Медведев.

Претходно, европските лидери на состанокот одржан во Брисел изјавија дека продолжуваат да даваат целосна поддршка на напорите за постигнување прекин на огнот во Украина, како и на самата земја.

Би можело да ве интересира

Добија директна закана од Москва: На работ сте на отворена војна!

А1он

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

(ВИДЕО) 12 лица загинаа во Киевската област, меѓу нив деветмина во уривање на станбена зграда

ВИДЕО: Нов напад на руски брод кај Либија

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море