Медведев: Русија го зголемува производството на сите видови оружје, од тенкови и топови до ракети и беспилотни летала

Од:

Русија го умножува производството на сите видови оружје – од тенкови и топови до високопрецизни ракети и беспилотни летала, објави заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот Телеграм профил.

„Производството на оружје и специјална опрема се зголемува: од тенкови и топови до високопрецизни ракети и беспилотни летала“ напиша Медведев.

Тој им се обрати и на непријателите на Русија и ги советуваше да не се надеваат дека земјата ќе остане без оружје.

Претходно, британското Министерство за одбрана во својот разузнавачки извештај наведе дека Русија продолжува да користи ирански беспилотни летала против цели низ Украина како замена за прецизното оружје со долг дострел, кое Русија го има се помалку и помалку.

„Напорите на Украина да ги порази беспилотните летала Шахед-136 се сè поуспешни“, велат разузнавачите, осврнувајќи се на изјавата на украинскиот претседател Зеленски кој рече дека Украина пресретнува до 85 отсто од нападите со камикази беспилотни летала.

Претставниците на разузнавањето велат дека таквите летала се бавни, бучни и летаат на мала височина, што ги прави лесна цел за конвенционалната воздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Медведев: Се чини дека НАТО инсистира да ја освоиме цела Украина, а можеби и Полска

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски