Медицинско лице од Алјаска доби силна алергиска реакција на вакцината, Фајзер ќе го проверува случајот

Од:

Фармацевтската компанија „Фајзер“ внимателно ќе ги провери податоците за појава на тешка алергиска реакција кај медицински работник во американската држава Алјаска на вакцината за новиот коронавирус, развиена од неа во партнерство со германски „БиоНТех“. Ова го потврдија синоќа од Фајзер за Си-Ен-Ен. Медицинскиот работник по примањето на вакцината имал отежнато дишење и зголемен број отчукувања на срцето.

„Ги немаме сите детали од извештајот на Алјаска за потенцијално тешка алергиска реакција, но активно работиме со државните медицински власти“, соопшти компанијата.

„Ние внимателно ќе ги следиме сите извештаи за сериозни алергиски реакции по аплицирање на вакцината и, доколку е потребно, ќе го ажурираме списокот на контраиндикации. Упатството за употреба вклучува јасни предупредувања и мерки на претпазливост што треба да се земат предвид”.

Британските медицински власти ги советуваа луѓето склони кон алергии да се воздржат од вакцинација против новиот коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТех.

Двајца пациенти кои биле вакцинирани на 8 декември, развиле алергиска реакција.

На почетокот на декември, Велика Британија стана првата западна земја што одобри вакцина за коронавирус. Следуваа Канада, Мексико, САД и други земји.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски