Медицинска сестра во Италија извршила самоубиство додека ги чекала резултатите од тестот за коронавирус

Од:

Кошмарот во Италија поради епидемијата со коронавирусот уште трае. Додека државата секојдневно пријавува неколку стотина смртни случаи, а докторите апелираат на луѓето да останат дома, пристигнуваат уште страшни вести. Една медицинска сестра извршила самоубиство додека ги чекала резултатите на тестот од коронавирусот, пренесува Marieclaire.gr.

Станува збор за медицинска сестра на возраст од 49 години, која работела во болница во градот Језоло.

Жената морала да остане дома затоа што имала температура. Со оглед дека имала симптом на коронавирус, нејзината анксиозност се зголемила. Направила тест за вирусот, но не можела да ги дочека резултатите и извршила самоубиство.

Нејзиното тело во реката на 18-ти март го пронашол рибар, по што било извлечено од крајбрежната стража.

Откако е идентификувана, никој од колегите не можел да верува дека се самоубила. Како што рекле, била посветена на работата и никој не очекувал дека би направила такво нешто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим