Матис: Зад сите проблеми на Блискиот исток стои Иран

Од:

Зад сите проблеми и бранувања на Блискиот исток стои Иран, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Марис за време на посетата на Саудиска Арабија, цитиран од светските агенции.

На средбите на Матис во Ријад се разгледувани начините за спротивставување на Иран, соопшти весникот „Аш Шарк ал Авсат“ на својот сајт, цитиран од ТАСС.

Матис се сретнал со кралот Салман и министерот за одбрана, Мохамед бин Салман, како и со други саудиски високо позиционирани официјални лица. Разгледана е и поддршката на САД за коалицијата во Јемен, што ја предводи официјален Ријад и што е тоа што Вашингтон уште може да помогне, вклучувајќи ги и разузнавачките информации, пренесоа британските медиуми.

Матис, исто така, изјави дека САД нема да му дозволат на Иран во Јемен да создаде вооружени формации, слични на единиците на либанската шиитска организација Хезболах.

-Освен тоа, треба да се вложат напори за оддржување меѓујеменски преговори со посредништво на ОН, додаде тој.

Од август 2014 година во Јемен се водат борбени дејствија меѓу владините сили и шиитските бунтовници Хуси. Во март 2015 година регионалната коалиција, предводена од Саудиска Арабија, се вклучи во борбите на страната на владата.

Во војната во Јемен досега се убиени најмалку 10.000 лица, а над три милиони се раселени.

Матис, кој се наоѓа на турнеја низ Блискиот исток, исто така, ќе ги посети и Египет, Израел, Катар и Џибути.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени