Дејли Бист – Њујорк
Нападите со киселини, како минатомесечниот во Франција и неодамнешниот во Велика Британија, не се окарактериизрани како тероризам, но во повеќе европски земји е регистриан алармантен тренд на нивно зголемување.
Иако, дури и да не се работи за тероризам, нападите со киселина воопшто не се изолирани инциденти.
Последниве години ваквите напади добија карактер на алармантен тренд во повеќе европски земји, пред се во Велика Британија каде во 2016 година се регистрирани дури 431 напад со киселина и тоа само во Лондон.
Работите да бидат полоши, станува збор за двојно поголем број напади отколку во 2015 година, а трендот на пораст продолжува и оваа година – досега се регинстрирани над 500 напади.
Во еден од посериозните напади во јули двајца малолетници, на возраст од 15 и 16 години, качени на мопед, изведоа брутален поход низ улиците на Лондон, при што во период од речиси еден час по случен избор фрлија киселина во лицата на петмина други возачи на мопеди со цел да им ги украдат. Најмлаку една од жртвите се здоби со трајни повреди на лицето.
Во интервју за радио Ел-Би-Си, полициската претставничка Кресида Док, овие напади ги нарече варварски, но во исто време со обиде да ја смири јавнсота.
– Не сакам луѓето да мислат дека ова постојано се случува во Лондон. Навистина не е така. Но, загрижени сме бидејќи изгледа оти бројот на напади е во пораст, додаде таа.
Исто така во јули, 19-годишниот Мустафа Ахмед фрли киселина врз трудница и нејзиниот партнер, додека шетале низ улица во Лондон. Во април во источен Лондон непознат напаѓач на ист начин повреди најмалку 12 лица во ноќен клуб. Андреас Кристоферос минатата година на влезната вратата на неговата куќа беше нападнат од непознат напаѓач, кој го унакази за цел живот.
Ниту во Франција тоа не беше прв ваков напад. Во Париз минатиот месец беше уапсен 14-годишник, откако фрли три боци со кислеина на терасата на едно кафуле, во непосредна близина на Триумфалната порта. За среќа никој не беше повреден.
Нападите со киселина се се почести и во Италија, а извршителите најчесто се поранешни партнери кои сакале да ги унаказат своите девојки, извршувајќи стратотна одмазда поради прекинувањето на врската. Меѓу жртвите беше и поранешната Мис на Италија, 23-годишната Џесика Нотаро, која ја нападна нејизното поранешно момче, иако тој го негира нападот.
Серија вакви инциденти годинава се регистирани и во Германија, а пред неколку години повеќе напади со кислеина имаше и во САД.
Сепак, нападите со киселина се алармантен проблем во јужна Азија, каде тие случуваат со години наназад.
Полевањето на девојка со кислеина откако двајца напаѓачи претходно ја силувале во индиската сојузна држава Утар Прадеш, како одмазда поради тоа што ги пријавила во полиција, е последното во низата. Документраниот филм награден со Оскар во 2012 година „Saving Face“ говори за нападите со киселина врз жени во Пакистан.
– Тие користат кислеина бидејќи е доволна само мала доза за да се уништи нечиј живот, Напаѓачот најчесто го бира лицето на жената бидејќи тоа е одраз на нејзината убавина и идентитет. Кислеината го изобличува нејзиното лице. Тоа е начин таа да биде уништена, објаснува левичарскиот италијански политичар Марчело Марзано.
Во документраниот филм „Вајса“ еден од монструмите од Лондон отворено вели дека „жртвите заслужуваат да бидат цел на напад, бидејќи ја сакаат својата убавина“ и потврдува дека во „девет од десет случаи жртвите се жени“.
Посебно загрижува фактот што тинјеџери можеле лесно и веројатно легално да ја набават оваа опасна супстанца, бидејќи кислеината е главна состојка на голем број средства за чистење, но тоа во исто време објаснува и зошто напаѓачите најчесто избираат киселина.
За разлика од огненото оружје, продажбата на овие супстанци во продавниците не е регулирана, и независоно од тоа дали купувачот има криминално досие и неговата возраст и психичка сосотјба, тој лесно може да ја набави.
Поради тоа во Велика Британија зачестија повицте до Парламентот за забрана на продажба на киселини без лиценца. Петиција со такво барање иницирана од Решам Кан, муслиманка која заедно со нејзиниот роднина Џамал Мукрат, беа нападнати од Џош Томлин, успеа да собере над половина милиони потписи.