Масовни протести во Мјанмар поради смртна казна на нивни сограѓани во Тајланд

Од:

Во главниот град на Мјанмар, Рангун, но и на повеќе места долж мјанмарско-тајландската граница, се оджруваат се помасовни протестите против одлуката на Суд во Бангкок да осуди на смрт двајца Мјанмарци.

Тајландскиот суд најстрогата казна против Вин Зав Хтун и Зав Лин ја донесе поради тоа што тие во септември минатата година убиле и ограбиле двајца туристи од Велика Британија.

Во обид да ја смират напнатоста, министрите за надворешни работи на Мјанмар и Тајланд, Вуна Мванг Лвин и Дон Прамудвинаи, вчера телефонски контактирале повеќе пати, по што двете држави издадоа апел за смирување на граѓаните, со цел да не се нарушат односите меѓу двете држави.

Во Бангкок денеска беше издадено и ново соопштение, во кое се истакнува дека одлуката за смртните казни не е дефинитивна и дека треба да се чека решението на повисоките судски инстанци.

Демонстрантите од Мјамар сметаат дека изрекувањето на смртните казни за нивните сограѓани е само врв на лошиот однос на тајландските власти кон илегалните работници од Мјанмар за кои, велат тие, Тајланд дури и измислува криминални дела за да може да ги протера.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар