Екстремистичката група Маскирана бригада на Мохтар Белмохтар се закани со нови напади во земјите кои учествуваат во „крстоносниот поход“ во Мали.
Маскирана бригада ја презеде одговорноста за заложничлката драма во „Ин Аменас“ во Алжир.
– Ветуваме нови операции во сите земји кои учествуваат во крстоносниот поход против Азавад (северно Мали). Ги опоменуваме нашите браќа муслимани да останат подалеку од објектите на странските компании, посебно француските, за да си го заштитат животот, се наведува во соопштението на Маскирана бригада.