Марокaнец се самозапали во знак на протест против властите

Од:

Еден маж се самозапали и почина во Мароко, протестирајќи на тој начин поради одбивањето на властите да му издадат документи кои му биле потребни за грижа на неговата болна сопруга, соопшти локална невладина организација.

Педесетгодишниот Абделкадер ал Атави, татко на пет деца, се полеал со бензин и изгорел пред општинската зграда на градот Себаа Ајун на 15 километри југоисточно од градот Мекнес.

Во последните години во Мароко се извршени неколку случаи на самозапалување. Минатиот месец еден трговец почина по самозапалување во Маракеш во знак на протест поради конфискување на неговата стока од страна на властите.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска