Мансур: Одлуката на ЕУ за ставање на Хезболах на својот црн список може да го усложни политичкиот живот во Либан

Од:

Одлуката на Европската унија да го вклучи вооруженото крило на Хезболах на својот црн список на терористички организации е избрзана и може да доведе до натамошни санкции против либанското движење, предупреди денеска либанскиот министер за надворешни работи Аднан Мансур.

Според него, наведуваат британските медиуми, одлуката во иднина ќе создаде тешкотии за внатрешната политика на Либан, имајќи ги предвид чувствителните теми на Либанците.

-Треба побрзо да ги зацврстиме врските меѓу либанските партии, место да создаваме дополнителни проблеми, додаде Мансур.

Организацијата Хезболах самата официјално не се дели на вооружено и политичко крило.

Според Амал Саад-Горајеб, авторка на книга за групата, ќе биде многу тешко да се утврди на кои нејзини претставници се однесува забраната.

-Тоа е повеќе политичка, отколку правна одлука Тоа не може да има какви и да било реални правни последици, кажа Саад-Горајеб.

Таа забележува дека одлуката на ЕУ се чини е повеќе пи-ар лекција за оцрнување на меѓународната репутација на Хезболах и повеќе е поврзана со настаните во Сирија, отколку со атентатот во Бугарија.

Одлуката ја става Европа „во конфронтација со овој сегмент луѓе во нашиот регион“, коментира парламентарецот од Хезболах, Ал Валид Сукарија.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан