Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Од:

Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека истрелала десетици ракети врз пограничниот град Шомера во северен Израел, откако израелската авијација го нападнала либанскиот пограничен град Аита ал Шааб.

Извор од Хезболах изјавил дека Израел денеска извршил повеќе од 10 воздушни напади врз либанскиот град Аита ал Шааб, кој се наоѓа на околу три километри од Шомер од другата страна на границата, пренесе Ројтерс.

Израелските сили во вторникот го нападнаа либанското село Ханин, при што загинаа најмалку две лица, меѓу кои и едно 11-годишно девојче.

Би можело да ве интересира

Во Газа досега загинале 34.596 луѓе

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег