Мандела се чувствува подобро пред неговиот утрешен роденден

Од:

Ќерката на Нелсон Мандела изјави дека нејзиниот татко, кој утре ќе го прослави 95-от роденден, денеска се чувствува многу подобро.

Зинѕи Мандела во интервју за британската телевизија Скај, истакна дека кога го посетила татко и тој гледал телевизија со слушалки, лежејќи во креветот, им се насмевнувал на најблиските и ги поздравил со раката. Според неа, Мандела би можел наскоро да биде пуштен на домашно лекување.

Мандела се наоѓа во болница од 8 јуни поради белодробна инфекција. Лекарите ја оценија неговата здравствена состојба како многу критрична, но стабилна. Во еден момент состојбата му се влоши и тој беше ставен на апарати за вештачко дишење. Во последните денови е објавена информација дека има подобрување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија