Ќерката на Нелсон Мандела изјави дека нејзиниот татко, кој утре ќе го прослави 95-от роденден, денеска се чувствува многу подобро.
Зинѕи Мандела во интервју за британската телевизија Скај, истакна дека кога го посетила татко и тој гледал телевизија со слушалки, лежејќи во креветот, им се насмевнувал на најблиските и ги поздравил со раката. Според неа, Мандела би можел наскоро да биде пуштен на домашно лекување.
Мандела се наоѓа во болница од 8 јуни поради белодробна инфекција. Лекарите ја оценија неговата здравствена состојба како многу критрична, но стабилна. Во еден момент состојбата му се влоши и тој беше ставен на апарати за вештачко дишење. Во последните денови е објавена информација дека има подобрување.