Мандела добро реагира на лекувањето, соопшти Кабинетот на Зума

Од:

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, еден од главните борци против апартхејдот и добитник на Нобелова Награда за мир, Нелсон Мандела добро реагира на лекувањето и дише без проблеми, по третата ноќ во болница заради воспаление на белите дробови, соопшти Кабинетот на претседателот Јакоб Зума.

– Тој сега може да дише без проблеми и добро реагира на лекувањето, се вели во соопштението.

Мандела беше примен во болница по вторпат овој месец. На 9 март мина ноќ во болница заради контролни прегледи. Во декември беше во болница речиси три недели исто така заради воспаление на белите дробови и операција за отстранување камен од жолчката.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски