Манафорт е обвинет за заговор против САД

Од:

Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп му се предаде на агентите на ФБИ во рамките на истрагата за влијанието на Русија врз американските избори тој е обвинет за 12 дела.

Пол Манафорт е првото големо име кое е официјално опфатено со истрагата на специјалниот советник на Роберт Милер за „случајот Русија“. Тој се товари за вкупно 12 дела, меѓу кои заговор против САД, перење пари, неовластено претставување на странци во САД, давање лажни изјави, криење на донации од странство и криење дека претставува странски интереси во САД.

Покрај Манафорт, на агентите на ФБИ му се предаде и поранешниот негов бизнис партнер Рик Гејтс.

Според пишувањето на „Вашингтон пост“ Манафорт на рускиот милијардер Олег Дерипаска, близок до Кремљ му дал информации за претседателските избори во САД во 2016 година. Американските разузнавачки служби донесоа заклучок во јануари дека Русија се вмешала во изборите во обид да му помогне на Доналд Трамп да ја победи Хилари Клинтон со кибер напад и објавување и-мејли, како и нејзина дискредитација на социјални мрежи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски