Мали, Египет и Сирија теми на седницата на Советот на ЕУ за надворешни работи

Од:

Советот на Европската унија за надворешни работи ќе ја разгледа денеска ситуацијата во арапскиот свет, пред се во Египет и во Сирија, но и состојбите во Мали, Сомалија и Африканскиот рог.

Министрите ќе дискутираат за одговорот на ЕУ на арапската пролет и се очекува оваа тема да влезе во програмата на првиот Европскит совет закажан за оваа година.

Во документите изготвени за денешната седница се нагласува дека од 2011 година досега од европскиот буџет за промени во државите во арапскиот свет се издвоени над четири милијарди долари.

Во однос на Сирија се очекува министрите да ги разгледаат можностите за доставување помош за сирискиот народ. Во декември минатата година европските држави  им дадоа задача на шефовите на дилпломатиите да ги оценат сите можости за помош на сириската опозиција и за поголема поддршка во заштитата на цивилите.

Се очекува министрите да разменат мислења за декемврискиот референдум за Уставот на Египет. Тие ќе разговараат и за последните случувања во земајта, се наведува во програмата за седницата.

Министрите ќе бидат запознати и со состојбата во Мали и текот на распоредувањето на европската мисија за обука во таа земја. До сега како одговор на кризата во Мали ЕУ ја почна мисијата за обука, им достави хуманитарна помош на жителите на Мали, како и средства за работа на поддржувачите на меѓународните сили под африканска команда и за активностите насочени против тероризмот. Се очекува мисијата за обука да почне со работа кон средината на следнот месец, при што европските експерти нема да учествуваат во борбени операции.

Се очекува Советот да ги поддржи новите власти во Сомалија и транзицијата во земјата. Министрите ќе утврдат и план за борба против тероризмот во Африканскиот рог и Јемен.

Советот ќе ги разгледа и надворешно политичките приоритети на новата администрацијата на претседателот на САД Барак Обама за време на неговиот втор мандат, особено оние кои се однесуваат на мировниот процес на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов