Малезиските антикорупционери трагаат по потеклото на парите на сметката на премиерот Разак

Од:

Малезиската комисија за антикорупција денеска издаде ново соопштение во врска со аферата во која премиерот на Малезија Наџиб Разак се сомничи за добивање на околу 700 милиони долари на личната сметка.

Вчера антикорупционерите соопштија дека парите на сметката на Разак не потекнуваат од средствата на државниот Фонд за развој на Малезија, туку оти имало индикации дека парите биле префрлени од некоја држава од Блискиот Исток.

Комисијата ќе побара премиерот лично да ги открие овие донатори, но Разак, засега, тоа категорично го одбива, велејки дека ќе ги открие своите финансиски извори ако тоа го направат и дугите политичари, особено оние од опозицијата.

Аферата со големите пари на сметката на малезискиот премиер прво, минатиот месец, ја откри „Азиан Волстрит Џурнал“, кој објави и копии на документи од кои се гледа дека пари од државниот Фонд за развој легнувале на личната сметка на Разак.

Овој Фонд е основан во 2012 година на иницијатива на премиерот Разак. Минатата година Фондот ја заврши со загуба од 9 милијарди долари.

Претпоставките дека парите дошле на сметката на премиерот преку трансакции со странство, што ги објавија неколку весници и портали во Малезија беа причина да се забрани нивното излегување.

Адвокатскиот тим на Разак најавуваше тужба против „Азиан Волстрит“, но остана само на барањето редакцијата на угледниот весник да се извини, што уредништвото не го прифати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски