Малезискиот премиер Разак се соочува со истрага за корупција тешка 700 милиони долари

Од:

Премиерот на Малезија, Наџиб Разак, се соочува со обвинение за криинал во големата коруптивна афера во која е осомничен дека од државен Фонд за инветиции на своја лична сметка примил 700 милиони долари.

Обвинувањата за Разак прво ги објави влијателното азиското издание на „Вол Стрит Џорнал“, во петокот, а текстот беше поткрепен и со копии на банкарски трансакции.

Иако малезискиот премиер најави дека ќе го тужи весникот за измислици, вчера попладне државниот обвинител изјави дека добил документи за финансиските зделки на Наџиб Разак, според чија содржина тој ќе мора да нареди покренување на истрага. Според банкарските документи, во март 2013 година , кога победи на изборите, Разак добил над 560 милиони долари.

Малезискиот Фонд за инвестиции, основан по налог на сегашниот премиер, минатата година ја заврши со долг од 11 милијарди долари, што беше повод опозицијата, но и претходникот , доктор Махатир Мохамад да побараат истрага за работењето на Фондот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски