Малезискиот премиер Наџиб Разак се бори за опстанок на позицијата

Од:

Малезискиот премиер Наџиб Разак, за кого постои сомневање дека од државниот Фонд за развој на Малезија присвоил над 700 милиони долари, за свој опстанок на премиерската позиција и претседател на владејачката УМНО партија се бори со смени во владата, партијата, истражните органи и обвинителството.

Изминатата недела Разак, меѓу другите, ги смени потпретседателот на владата. државниот обвинител и повеќе високи функционери во полицијата и Агенцијата за антикорупција.

По информациите и објавувањето на документи, од кои се гледа дека на личните сметки на премиерот Разак биле префлани средства од државниот Фонд за развој, во весникот „Азиан Вол Стрит Џорнал“, адвокатите на малезискиот премиер побараа весникот да објави деманти, но најавената тужба не е поднесена, ниту пак весникот објави деманти.

Температурата во политичката јавност ја крена прилог во влијателниот портал „Саравак Репорт Интернешенел“, во кој е објавен драфт на обвинението против премиерот Разак.

Кабинетот на Разак демантира дека ваков документ постои, а пишувањата на „Саравак Репорт“ ги оцени како „подмолен обид за преврат во државата’’.

Новиот државен обвинител на Малезија денеска изјави дека во просториите на обвинителството не дошол документ со предложено решение за покренување постапка против премиерот.

Од Агенцијата за антикорупција само соопшија дека истрагата е во тек, без официјален став дали навистина бил готов драфтот на документот со обвиненија за премиерот Наџиб Разак.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски