Малезиската полиција денеска соопшти дека во Куала Лумпур упасила 12 лица осомничени за подготвување немири, а со оглед дека кај нив е пронајдено и поголемо количество оружје, тие ќе бидат обвинети и за подготвување на заговор.
Групата е откриена еден ден непосредно пред почетокот на годишниот самит на кој учествуваат и десетте шефови на држави и влади на земјите членки на Асоцијацијата на државите од југоисточна Азија, АСЕАН.
Апсењето на официјалниот Фејсбук профил го потврди шефот на малезиската полиција Калид Абу Бакар, но ниту тој, ниту неговите соработници не сакаа да дадат детали за уапсените и нивните имиња.